Цената на златото повторно порасна

71

Европските и американските берзански индекси денеска беа измешани, додека цената на златото повторно се искачи над 2.500 долари за унца.

Цената на златото порасна на 2.505,72 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5,6166 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:20 часот порасна на 18.613,45 поени, московскиот MOEX на 2.622,65 поени, додека британскиот FTSE 100 падна на 8.257,50 поени, а францускиот CAC 40 на 7.481,3 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта порасна на 69.604 долари, а на нафтата од типот брент на 73.065 долари.

Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 35.830 евра за мегават-час.