Цената не беше пречка: целата серија на VW Golf R 333 беше распродадена за само осум минути!

Volkswagen на германскиот пазар го претстави Golf R 333 со астрономска цена од 76.410 евра. Минатата година беше претставена R верзијата 20 Years Edition која чинеше 59.995 евра, а нема големи разлики во однос на R 333.

Продадени се вкупно 333 возила, колку што ќе се произведува во оваа специјална серија, а се очекува автомобилот да биде колекционерски артикл, односно со текот на времето да му се зголемува цената.