Цени на електрична енергија и природен гас во првото полугодие од 2015 година

28

Во првото полугодие од 2015 година, во Република Македонија, просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата изнесува 5.024 денари по KWh, што во споредба со второто полугодие од 2014 година претставува пад од 1,29%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за индустријата се движи од 3.319 до 8.395 денари по KWh, по групи на потрошувачи.
Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена врeдност за индустријата се движи од 24.497 до 25.533 денари по nm3, по групи на потрошувачи.