Цени на половни автомобили: Дизелите ја „држат“ цената, а како е со другите типови погони?!

165

Просечниот користен автомобил чинел 28.858 евра во Германија во мај 2023 година. Тоа е за 0,8 отсто помалку во однос на април годинава. Во споредба со истиот месец минатата година, цената е за шест отсто повисока, објави порталот за продажба на автомобили AutoScout24. Но, зголемената понуда и побарувачка, која повторно е ослабена во однос на април, носи пад на цените на половните автомобили.

Кои видови на автомобили, односно погони, поевтинија? Донекаде очекувано, падот е најголем за електричните автомобили, кои се за 4,4 отсто поевтини отколку во април 2023 година. Просечната цена на електричен автомобил е 36.155 евра. Хибридите беа многу повеќе барани и нивната цена падна за само 1 процент, а нивната просечна цена е околу 40.000 евра. Автомобилите на бензин во просек поевтинуваат за 1,4 отсто (26.098 евра), а дизел автомобилите поевтинуваат за 0,5 отсто во просек за 29.587 евра. Односно, дизелите најдобро ја држат цената.

Просечните цени паѓаат трет месец по ред. Понудата на половни автомобили е веќе голема, но побарувачката е нешто помала, пренесува Ревија ХАК.