Цени во ЕУ: Маслиновото масло поскапе за 54 отсто, на компирите за 23 отсто

28

Просечните цени на земјоделските производи во Европската унија лани се зголемија за два отсто на годишно ниво, со побавно темпо од претходниот период, објави Евростат, што укажува дека се забележани големи контрасти во движењето на цените на производите.

Маслиновото масло поскапе за 54 отсто, компирот за 23 отсто, јајцата за 20 отсто, додека, на спротивната страна, значителен пад на цената е забележан во категоријата житарки – за 26 отсто.

Поради минатогодишната суша, компирот поскапе во 24 земји од Европската унија, најбрзо во Германија – за 49 отсто, Словачка за 48 отсто и Хрватска за 44 отсто. Пад на цената на компирот е забележан само во Белгија – за 18 отсто, на Кипар за 14 отсто и во Австрија за четири отсто.

Во 2023 година просечната цена на вештачките ѓубрива и средствата за подобрување на квалитетот на почвата паднала за 23 отсто, на средствата што се користат во земјоделството за 12 отсто, додека просечната цена на средствата за заштита на растенијата и пестицидите се зголемила за девет отсто.