Цени во земјоделството во август

53

Цените во земјоделството во август оваа година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 4,6%, а кај аутпутот бележи зголемување од 6,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во август 2020 година, во споредба со август 2019 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 95,1, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 100,1.

Во делот аутпут, во август 2020 година, во споредба со август 2019 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 109,3, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 100,2.

Фото: Pexels