Цени во земјоделството во октомври

53

Цени во земјоделството во октомври оваа година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 3%, а кај аутпутот се бележи намалување од 0,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во октомври 2019 година, во споредба со октомври 2018 година, цените тековно потрошени средства во земјоделството се намалени за 3,1%, а цените на средства наменети за инвестиции во земјоделството имаат пад од 0,6%.

Во делот аутпут, во октомври 2019 година, во споредба со октомври 2018 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 99,3, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 101,7.

Фото: Pixabay