Цените во земјоделството во септември оваа година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот се намалени за 5,3%, а кај аутпутот се бележи зголемување од 3,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во септември 2020 година, во споредба со септември 2019 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 94,4, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 100,1.
Во делот аутпут, во септември 2020 година, во споредба со септември 2019 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 105,5, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 100,3.
Фото: Pixabay