Цените на авионските билети во Европа продолжуваат да растат

25

Цените на авионските билети во Европа продолжуваат да растат, и тоа многу посилно од потрошувачките цени во целина, објавија медиумите повикувајќи се на изјава од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA).

Цените на авиобилетите почнаа да растат во јуни и за време на летниот период тие се зголемија за 38%.

IATA тврди дека цените на авионските билети во Европа заклучно со јуни биле само 16% повисоки отколку во 2019 година, а независните и авторитативни податоци  покажуваат дека порастот во најпрометните летни месеци бил 38%.

Нагорниот тренд продолжи и во октомври кога цените на билетите, кога се резервирале три месеци однапред, пораснале за цели 47 отсто.

Фајненшл тајмс објави дека поради ова поскапување авиокомпаниите се под притисок од ЕУ.