Цените на челикот се најниски во последните осум години

97

Фјучерсите на челичните арматури паднаа на 2.185 кинески јуани или приближно 539 евра за тон во август, што е најниско ниво во речиси осум години поради послабата побарувачка во Кина.

Според извештаите, индексот на менаџери за набавка во кинеското градежништво паднал на најниско ниво за една година во јули, бидејќи побавниот раст на кинеската економија влијае на побарувачката за изградба на станбени згради за кои е потребна челична арматура, пренесува порталот Trading Economics.

Странските инвеститори повлекоа речиси 15 милијарди долари инвестиции од Кина во тримесечниот период меѓу април и јуни, објави неодамна кинеската државна администрација за девизи.