Цените на горивата се зголемуваат за два денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика на последната седница.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 83 денари за литар, цената на ЕУРОСУПЕР БС – 98 изнесува 84,50 денари за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 70 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит во однос на цената и со тоа новата цена ќе биде 58,50 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,31 ден/кг и изнесува 42,188 ден/кг.