
Највисока цена на горивото, било да е тоа бензин или дизел, кога е во прашање регионот е во Албанија. Од друга страна, најниски цени има Македонија.
Бензинот во Црна Гора чини 1,58 евра за литар, што е поскапо од Србија, каде што цената на литар е 1,51, пренесува Банкар.ме.
Во Босна и Херцеговина литар бензин чини 1,36 евра, потоа Словенија со 1,41 и Хрватска со 1,50, додека најскап е во Албанија со цена од 1,62 за литар.
Кога станува збор за цената на дизел горивото, која во Црна Гора е 1,41 за литар, а во Македонија е нанјниска, каде што се издвојува 1,11 евра за литар дизел.
Следува Босна и Херцеговина со цена од 1,331 за литар, додека во Словенија цената е 1,43 евра.
Дизелот во Хрватска чини 1,50, а во Србија 1,57 евра за литар.
Повторно најскапа земја е Албанија каде литар дизел чини 1,62 евра.
Во Унгарија цената на бензинот за литар е 1,54 евра, додека дизелот чини 1,50, исто така за литар. Во Австрија поскапува бензинот и неговата цена за литар е 1,60 евра, а на дизелот 1,56.
Цената на дизелот во Грција е 1,59 за литар, додека во Бугарија е поевтин и чини 1,30 евра.