Цените на храната на светскиот пазар конечно паѓаат

53

По неколкумесечен раст, цените на храната на светскиот пазар паѓаат. Сепак, дел од економистите сметаат дека тоа не значи дека нема да има повеќе раст, туку дека овој раст ќе биде помал.

Според податоците на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) и американскиот бизнис портал Блумберг, растот на цените започна во последниот квартал на 2019 година. Цените почнаа да паѓаат во март 2020 година, кога започна пандемијата на коронавирус. Но, со олеснувањето и укинувањето на епидемиолошките мерки тие повторно почнаа да растат. За тој раст придонесе руската агресија врз Украина.

За хрватскиот економист Ивица Бркљач, падот на цените на храната на светскиот пазар во последниот квартал од годинава е показател дека побарувачката се намалува и дека нема поизразени притисоци врз растот на цените. Сепак, тој посочи дека тоа не значи дека повеќе нема да има поскапувања, пренесува Банкар.ме.

„За избегнување на сомнеж, тоа не значи дека цените повеќе нема да растат, но стапките на раст во наредниот период треба да бидат пониски од последните месеци, што повторно не ја исклучува можноста дека цените на некои стоки би можеле да паднат, напротив“, истакна тој.