Цените на храната паднаа за прв пат по 12 месеци

25

Светските цени на храната за првпат во изминативе 12 месеци почнаа да се намалуваат, при што најголемо намалување бележи маслото за јадење и житариците, соопшти организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Индексот на цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство, кој ги мери месечните промени за кошничката со житни култури, маслодајно семе, млечни производи, месо и шеќер, минатиот месец во просек изнесуваше 124,6 поени наспроти ревидираните 127,8 поени во мај.

Индексот на цените на млечните производи падна за 1%, на 119,9 поени, при што сите млечни производи поевтинија, особено путерот поради наглото повлекување на глобалната побарувачка за увоз и благото зголемување на залихите, пред се во Европа.

Индексот на цената на растителното масло на ФАО падна за 9,8 % во јуни, делумно како резултат на падот на цените на палминото масло. Иако индексот на цените на житните култури се намали за 2,6% во јуни, сепак на годишно ниво забележа раст од 33,8%. Цените на пченката паднаа за 5%, делумно поради повисоките приноси во Аргентина и подобрените услови за земјоделски култури во САД.

Фото: Freepik