Цените на куќите во САД достигнаа рекорд на крајот на годината

40

Цените на куќите во САД, водени од ниските стапки на хипотеки, забележаа голем скок, надминувајќи го претходниот рекорд од 2005 година, анализира Bloomberg.

Просечната цена на семејна куќа се зголеми за 14,9% на 315.000 долари во последното тримесечје од 2020 година. Тоа е најголем пораст откако почнаа да се водат статистички податоци во 1990-та година.

Земјите од североисточниот дел на САД се на прво место со најголем раст на цените од 21%, откако голем број Американци побрзаа да си купат куќа надвор од центарот на големите градови. На пример, во сојузната држава Конектикат, цените на куќите во периферијата достигнаа 39% скок.

Големиот интерес за куќи е поттикнат од ниските стапки на хипотеки и флексибилната политика што им овозможува на Американците да живеаy каде што ќе посакаат. Луѓето ги напуштаат градовите како што се Њујорк и Сан Франциско и се селат на подостапни и поедноставни места за живеење, каде што и трошоците се пониски.

Фото: Freepik