Цените на нафтата благо паднаа, доларот порасна

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката на валути се зголеми, па втора недела по ред е на пат кон добивки.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,40 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,25 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 147,90 на 148,10 јени.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0880 долари, додека вчера во ова време беше 1,0895 долари.

Цените на нафтата благо паднаа

Цените на нафтата, пак, благо паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,23 отсто, на 78,90 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,03 отсто, на 74,05 долари.