
На валутните пазари, пак, вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми, па доларот е на пат кон добивка оваа недела од околу 0,6 отсто.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 105,05 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 104,85 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 156,75 на 157,05 јени.
И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0810 долари, додека вчера во ова време беше 1,0830 долари.
Цените на нафтата, пак, благо пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,05 отсто, на 81,40 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,02 отсто, на 76,90 долари.











