Цените на нафтата благо пораснаа минатата недела

На светските пазари, цените на нафтата благо пораснаа минатата недела, надоместувајќи ги загубите од претходната недела и флуктуираа во зависност од вестите од Блискиот Исток и макроекономските показатели од најголемите светски економии.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 0,4 отсто, на 78,56 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 1 отсто, на 73,40 долари.

„Прогнозите за раст на глобалната побарувачка на нафта остануваат нејасни“
На крајот на неделата, проценките на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) и Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) за солидниот раст на побарувачката оваа година обезбедија поттик за цените.

ИЕА очекува растот на побарувачката да биде половина послаб од оној на ОПЕК, а се проценува дека пазарот треба да биде релативно добро снабден оваа година, доколку нема значителни нарушувања.

„Прогнозите за растот на глобалната побарувачка на нафта се сè уште нејасни, а трговците и истражувачките институции значително се разликуваат во нивните проценки“, вели Бјарне Шилдроп од СЕБ.