Цените на нафтата на меѓународните пазари утрово растат. Нафтата брент се тргува по цена од 85,91 долари за барел, додека американската ВТИ се тргува за 80,26 долари за барел.
Една година по опаѓање, цените скокнаа на 139,13 долари во март, што е највисоко ниво од 2008 година, откако руската инвазија на Украина и западните санкции против Москва ја подгреаа загриженоста за снабдувањето со руски барели.
Во втората половина од годината, цените нагло паднаа под притисок на стравувањата дека високите цени на енергијата и зголемените каматни стапки во САД и другите големи економии би можеле да го турнат светот во рецесија.
„Годината (2022) беше исклучителна на пазарите на стоки, обележана со ризици од понудата што резултираа со зголемени осцилации и повисоки цени“, објаснува Ева Ментеј од ING.
„И следната година ќе биде неизвесна, со многу осцилации“, оценува Ментеј.
На лондонскиот пазар барелот би требало да ја заврши годината во плус од околу 6,9 отсто, откако во 2021 година поскапе за 50 отсто. На американскиот пазар неговата цена би требало да биде за 4,4 отсто повисока од 2021 година кога скокна за 55 отсто.
Во 2020 година, цените паднаа на двата пазари бидејќи побарувачката беше нарушена од пандемијата.











