Цените на нафтата може да предизвикаат инфлација

48

Цените на нафтата продолжија да растат од претходниот ден во средата, откако очекувањата за недоволна понуда ја надминаа загриженоста дека неизвесната економска перспектива ќе ја намали побарувачката.

Ноемвриските фјучерси на брент поскапеа за повеќе од 1,5 отсто на повеќе од 95,50 долари за барел во средата, додека американската сурова нафта WTI, која поскапе за околу 1,95 отсто, се тргуваше по цена повисока од 92,30 долари за барел, покажуваат податоците на специјализираниот портал OilPrice.

Податоците за рекордно ниските залихи на сурова нафта во САД, како и ограничената понуда поради ограничувањата на производството во Саудиска Арабија и Русија, ги загрижија трговците дека побарувачката наскоро би можела да ја надмине понудата. Од друга страна, најавата на централните банки дека долго ќе ги задржат високите камати треба да го забави економскиот раст и да ја намали побарувачката на нафта.

Кога станува збор за централните банки, тие сè повеќе ги загрижува растот на цената на суровата нафта, бидејќи очекуваат раст на инфлацијата како резултат на намалувањето на понудата. Аналитичарите на ING Bank проценуваат дека растот на цената на нафтата може да ги комплицира работите, бидејќи ја забавува економијата, но и ја поттикнува инфлацијата, поради што централните банки би можеле да продолжат да ги зголемуваат каматните стапки, пишува Wall Street Journal.