Цените на нафтата на максимум во претходните два месеци

48

Цените на нафтата се зголемија за околу 2 отсто на највисоко ниво во последните два месеци, поради очекувањата дека побарувачката ќе се зголеми во текот на летната сезона и загриженоста дека конфликтот на Блискиот Исток може да се прошири.

Барел сурова нафта поскапе за 1,9 отсто и сега чини 86,6 долари, а барел сурова нафта во САД поскапи за 2,3 отсто и се продава за 83,38 долари.

Ова е највисоката цена на нафтата од 30 април

Аналитичарите укажуваат дека постои страв дека потенцијалното ширење на конфликтот на Блискиот Исток ќе доведе до прекини во снабдувањето со нафта и глобален пад на залихите на оваа енергија.