Цените на нафтата на највисоко ниво во последните три години

67

Цените на нафтата се зголемија за околу 4 проценти на светскиот пазар минатата недела, петти пат по ред, при што цената на барелот го достигна новото највисоко ниво во последните три години на лондонскиот пазар, бидејќи се очекува побарувачката да продолжи да зајакнува.

Цената на барелот на лондонскиот пазар се зголеми за 3,9 отсто минатата недела, на 82,39 долари, и во еден момент достигна 83,47 долари, новото највисоко ниво во последните три години.

На американскиот пазар, пак, барелот поскапе за 4,6 проценти до 79,35 долари, што е највисоко ниво од октомври 2014 година.

Зголемувањето на цените е последица на закрепнувањето на економиите од кризата со корона и растот на побарувачката за нафта и други извори на енергија.

И покрај силниот раст на побарувачката, Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, предводени од Русија, на почетокот на минатата недела одлучија да го зголемат производството за само 400.000 барели дневно во ноември, како што се договорија ова лето.