Цените на нафтата над 88 долари

82

Цените на нафтата се искачија над 88 долари на почетокот на новата недела.

Утрово нафтата брент се тргува по цена од 88,11 долари за барел, додека WTI за 81,67 долари за барел.

Растот на цените беше поттикнат од подобрените изгледи за побарувачката поради очекуваното економско закрепнување на Кина, најголемиот увозник во светот.

На почетокот на неделата, трговците се фокусираа и на прогнозите за закрепнување на побарувачката во Кина по олеснувањето на мерките за коронавирус.

Податоците сигнализираат солиден раст на патувањата во Кина, велат аналитичарите на ANZ во белешката, истакнувајќи дека во првата половина на јануари, 15 клучни градови забележале 22 отсто повеќе сообраќајни метежи отколку во истиот период минатата година.