Цените на нафтата од утрово во пораст

50

Цените на нафтата од утрово растат. На лондонскиот пазар цената на барелот е 116 долари, што е зголемување за повеќе од 2% во однос на вчерашниот ден. Расте и цената на барел нафта на американскиот пазар и изнесува 110 долари за барел.

Пазарот на криптовалути од утрово е во минус. Вредноста на биткоинот е 20.757 долари, што е намалување за два отсто во однос на вчерашниот ден. Други криптовалути се исто така во минус.