Цените на нафтата паднаа

24

Цените на нафтата благо паднаа. На лондонскиот пазар цената на барелот утрово се изнесува 79,87 долари додека американската ВТИ се тргува по цена од 75,42 долари за барел .

Трговците  беа загрижени поради остриот пад на кинескиот извоз во јуни, што го одразува слабеењето на глобалната економија во услови на зголемени каматни стапки и геополитички тензии. Послабиот економски раст значи и помала побарувачка за нафта.

Значително се намали и извозот на руска нафта
Тие се охрабрени од ублажувањето на инфлацијата во САД, бидејќи тоа би можело да ја поттикне централната банка да го заврши циклусот на затегнување на монетарната политика. Цените беа поддржани во четвртокот и со затворањето на неколку нафтени полиња во Либија поради протестите против киднапирањето на поранешен министер. Во исто време, Шел го прекина товарењето на нигериската сурова нафта поради можно оштетување на терминалот.

Се проценува дека снабдувањето од Либија е намалено за околу 370.000 барели дневно, а снабдувањето од Нигерија за 225.000 барели дневно, според аналитичарот на PVM, Џон Еванс.

Извозот на руска нафта, исто така, значително падна и ако тој тренд продолжи следната недела, цените веројатно повторно ќе пораснат, особено ако се земе предвид дека Москва официјално планира да го намали извозот во август за 500.000 барели дневно, додаваат аналитичарите на Комерцбанк.