Цените на нафтата паднаа четврта недела по ред, повеќе од 4 отсто

71

Цените на нафтата на светските берзи паднаа минатата недела, четврти пат по ред, бидејќи трговците стравуваат дека новиот бран на Kовид-19 во Европа може да го забави закрепнувањето на економијата од  корона кризата.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 4 отсто, на 78,89 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 5,8 отсто на 76,10 долари.

Пад на цените четири недели по ред не е забележан од март минатата година, а пред еден месец цената на барелот на лондонскиот пазар беше на највисоки нивоа во последните три години, а на американскиот пазар во седум.