Цените на нафтата паднаа кон 82 долари

35

Барел нафта падна до 82 долари под притисок од стравувањата дека поагресивните зголемувања на каматните стапки во САД негативно ќе влијаат на побарувачката.
На лондонскиот пазар цената на барелот изнесува 82,49 долари.

На американскиот пазар барелот денеска се тргува по  цена од 76,50 долари.

Пазарите ги вознемири претседателот на американската централна банка Џером Пауел, кој во Конгресот изјави дека поради силните економски податоци ФЕД најверојатно ќе мора да ги зголеми каматните стапки повеќе од очекуваното.