Цените на нафтата паднаа под 80 долари

62

Според податоците на веб-страницата OilPrice во саботата наутро, цената на нафтата од типот брент изнесува 78,88 долари за барел, додека нафтата од Тексас WTI, репер за американскиот пазар, изнесува 74,07 долари.

Цените на нафтата се стабилизираа на меѓународните пазари во петокот близу 81 долар, откако водечките производители ги изненадија трговците со одлуката дополнително да ја намалат понудата на почетокот на следната година, за помалку од еден милион барели дневно.

На лондонскиот пазар цената на барелот за испорака во февруари беше речиси непроменета во однос на претходното затворање на тргувањето и изнесуваше 80,87 долари.

Позначителни промени немаше ниту на американскиот пазар, каде барелот се тргуваше по 76,11 долари.

Цените паднаа откако Организацијата на земјите извознички на нафта и нејзините сојузници (OPEC+) одлучија дополнително да ја намалат понудата во првиот квартал за дополнителни  700.000 барели дневно, земајќи ги предвид постоечките саудиски и руски ограничувања кои ќе бидат продолжени.