Цените на нафтата паднаа втора недела по ред

67

На светските пазари цените на нафтата паднаа и минатата недела, вторпат по ред, бидејќи централните банки на западните земји ги зголемуваат каматните стапки, што ќе го забави растот на економиите и со тоа ќе ја ослаби побарувачката за црно злато.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се лизна за 1,6 отсто, на 91,35 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 1,9 отсто, на 85,11 долари. Падот на цените втора недела по ред е главно последица на забавувањето на растот на глобалната економија, како што предупредија минатата недела Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка.

Утрово цената на барелот на лондонскиот пазар се тргува за 91,22 долари, додека на американскиот пазар за 84,80 долари.

Некои земји ќе паднат во рецесија

За октомври ММФ најави ново намалување на проценките за растот на глобалната економија, откако веќе во јули ја намали проценката на 3,2 отсто оваа година, а следната на 2,9 отсто. Некои земји ќе паднат во рецесија следната година, но се уште е рано да се каже дали ќе има глобална рецесија, соопшти ММФ.

Од Светска банка, пак, порачаа дека глобалната економија можеби се движи кон рецесија, имајќи предвид дека централните банки во светот истовремено ги зголемуваат каматните стапки поради високата инфлација. Трите најголеми светски економии – САД, Кина и еврозоната – доживуваат нагло забавување на растот, а дури и умерен удар може да ја турне светската економија во рецесија, соопшти Светската банка.

„И Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка предупредија дека глобалната економија би можела да западне во рецесија следната година.

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) предвидува, имено, дека побарувачката ќе стагнира во четвртиот квартал поради послабите изгледи за побарувачка во Кина. И централните банки на западните земји продолжуваат да ги зголемуваат каматните стапки со цел да ја потиснат прекумерната инфлација.