Цените на нафтата паѓаат

918

Цените на нафтата паднаа денеска на меѓународните пазари кон 91 долари поради предупредувањата дека светската економија би можела да западне во рецесија и слабата побарувачка на нафта во Кина.

На лондонскиот пазар цената на барелот утрово изнесува 91,63 долари. На американскиот пазар барелот денеска се тргува по цена од 85,61 долари.

Трговците оваа недела беа загрижени од прогнозите за можна глобална рецесија, што би значело послаба побарувачка за нафта.