Цените на нафтата паѓаат

Цените на нафтата на меѓународните пазари паднаа под 98 долари, откако беа притиснати од стравувања од рецесија и влошување на пандемијата на ковид-19 во Кина.

На пазарот во Лондон цената за барел  утрово се тргува по цена од 95,20 долари.

На американскиот пазар барелот се тргува по цена од 88,60 долари.

Пазарното расположение беше засилено во понеделникот со извештајот дека кинеските власти размислуваат за олеснување на строгите ограничувања насочени кон спречување на ширењето на Ковид-19. Но, голем број кинески градови, вклучително и Гуангжу, повторно забележаа нови случаи на коронавирус, намалувајќи ја можноста за олеснување на мерките.