Цените на нафтата паѓаат по два дена раст

79

Цените на нафтата ослабеа денеска по дводневниот пораст, a инвеститорите анализираат голем број фактори кои влијаат на понудата и побарувачката, почнувајќи од ефектите од рускиот напад врз Украина до мерките за затворање на Кина поради коронавирусот.

Брент за испорака во наредните месеци (фјучерс договори) се тргува по цена од 107,7 долари за барел, пониска за 0,98 отсто од средата, а американската нафта WTI падна за 1,05 отсто на 103,2 долари, покажуваат податоците од порталот oilprice.com кој ги следи цените на нафтата во реално време.

Сепак, цените и на двата вида нафта и понатаму се значително повисоки од пред една недела.