Цените на нафтата под 100 долари за барел

58

Цените на нафтата паднаа на меѓународните пазари до 98 долари за барел, бидејќи трговците се фокусираа на можноста за нагло зголемување на каматните стапки во САД, што ќе ја погоди економијата и побарувачката на нафта.

Утрово нафтата брент се тргува по цена од 98 долари за барел, а американската WTI  по цена од 95 долари за барел.

На лондонскиот пазар цената на барелот беше пониска за 1,23 долари за барел и изнесуваше 98,34 долари. На американскиот пазар барелот за испорака во август вчера се тргуваше по пониска цена од 1,41 американски долари, по 94,89 долари, пренесува SEEbiz.

Во изминатите две недели, цените на нафтата беа под притисок од стравот од рецесија, која беше засенета од падот на извозот на сурова нафта и деривати од Русија поради западните санкции, како и прекините на снабдувањето од Либија.

Аналитичарите предвидуваат дека американската централна банка ќе ги зголеми каматните стапки за цел процентен поен на крајот на месецот за да ја ограничи инфлацијата, која скокна на 9,1 отсто во јуни, што е највисоко ниво во повеќе од 40 години.