Цените на нафтата пораснаа

40

Цените на нафтата пораснаа  на меѓународните пазари кон 79 долари поради зголемените тензии на Блискиот Исток и ризикот од ширење на вооружени конфликти.

На лондонскиот пазар цената на барелот изнесува 78,76 долари. На американскиот пазар барелот се тргува по цена од 73,81 долари.
Во првата недела од новата година, трговците внимателно ги следеа настаните на Блискиот Исток, кој се движи на работ на регионална војна.

Поради израелските воени операции во палестинскиот Појас Газа, јеменските Хути ја попречуваат пловидбата на бродовите поврзани со Израел во Црвеното Море, а САД организираа меѓународна воена коалиција која треба да ги заштити бродовите.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен се подготвува да го посети Блискиот Исток за да ги смири тензиите, објави Стејт департментот.