Цените на нафтата пораснаа во азиското тргување денеска.
Податоците за растот на американската економија во вториот квартал придонесоа за раст на цените, јавуваат странските агенции за печат.
Нафтата „West Texas Intermediate“ за испорака во септември на азиското тргување достигна вредност од 78,39 долари за барел, што е за 11 центи повеќе од затворањето во четвртокот. Септемвриските фјучерси на суровата нафта „брент“ се зголемија за 13 центи на 82,50 долари.