Цените на нафтата пораснаа

87

Цените на нафтата пораснаа денеска бидејќи стравувањата од пад на побарувачката во Кина се намалија откако Шангај ги намали некои ограничувања за коронавирусот, додека Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) предупреди дека ќе биде невозможно да се зголеми производството за да се компензираат можните загуби во руските резерви.

Европската нафта брент поскапе на фјучерсискиот пазар за 1,72 долари или 1,75 отсто, на 100,20 долари за барел, а американската нафта WTI за испорака во наредните месеци (фјучерс договори) се тргува утринава во Азија, по цена за 96,05 долари, 1,76 долари или 1,87 отсто поскапо од понеделник.

Властите во Шангај соопштија дека повеќе од 7.000 станбени единици се класифицирани како област со помал ризик, бидејќи не пријавиле нови инфекции 14 дена, најавувајќи олеснување на карантинските мерки во одредени населби.