Цените на нафтата пораснаа

40

Цената на нафтата на лондонскиот пазар утринава изнесува 115 долари, што е зголемување за околу 1 процент во однос на вчерашниот ден. Aмериканската нафта се тргува по цена од 111 долари.

Биткоин утрово 20.000 долари
Пазарот на криптовалути од утрово е зелен. Биткоинот бележи закрепнување на пазарот, неговата вредност од утрово е 20.873 долари што е раст од 5 отсто. Други криптовалути се исто така во зелено.

Цена на пченица и пченка

Цената на пченицата од утрово е во минус. Цената на пченицата е 1.046 долари за тон, што е пад од околу 3 отсто во однос на вчерашниот ден. Цената на пченката е 784 долари, што е слична вредност како и претходните денови.