Цените на нафтата утровопораснаа на меѓународните пазари до 93,40 долари, откако ОПЕК и неговите сојузници одлучија да го намалат производството најмногу од почетокот на пандемијата и покрај противењето на САД.
На лондонскиот пазар цената за барел 93,40 долари. На американскиот пазар се тргуваше по 1,49 долари повисока цена, од 87,74 долари.
Трговците нестрпливо го чекаа состанокот на Организацијата на земји извознички на нафта и нејзините сојузници во Виена, каде се одлучуваше за политиката на производство.
Заедничкиот министерски одбор за мониторинг договори од ноември, производството да се намали за два милиона барели дневно во однос на референтната вредност, изјавија три извори во ОПЕК+.
Тоа значи дека намалувањето сепак ќе биде поскромно бидејќи групата во август не го достигна зацртаното ниво на производство од околу 3,6 милиони барели дневно.
Не е јасно дали бројот вклучува и евентуално доброволно намалување на производството во некои членки на групата.
Според некои аналитичари, ОПЕК+ со тоа всушност само официјално го потврдува и така намалениот обем на производство изминатите месеци.
– Вистинските последици на намаленото производство ќе бидат поблаги бидејќи некои членки не успеваат да ги реализираат производните квоти, смета Фиона Цинкота од Сити Индекс.











