Цените на нафтата пораснаа

На светските берзи цените на нафтата пораснаа минатата недела, надоместувајќи дел од загубите од претходната недела, но нивниот значителен раст ја спречува можноста за рецесија, а со тоа и слабеење на побарувачката за „црното злато“. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се зголеми за 3,9 отсто, на 79,04 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 4,6 отсто, на 74,29 долари.

Утрово нафтата брент се тргува по цена од 79,45 долари за барел, додека нафтата ВТИ се тргува по цена од 74,67 долари за барел.

Минатонеделниот раст најмногу се должи на корекцијата на цените, откако пред една недела потонаа за повеќе од 11 отсто и паднаа на најниските нивоа годинава. Во првите три дена од минатата недела цените пораснаа, но во вториот дел од неделата повторно се најдоа во надолна патека бидејќи централните банки на западните земји продолжуваат да ги зголемуваат каматните стапки со цел да ја потиснат инфлацијата.