Цените на нафтата пораснаа

83

Цените на нафтата се зголемија поттикнати од очекувањата дека намалувањето на инфлацијата во САД ќе ја поттикне централната банка да го забави темпото на зголемување на каматните стапки и да ги олесни заканите за економскиот раст и побарувачката за гориво. На лондонскиот пазар цената на барелот изнесува 84,32 долари.

На американскиот пазар барелот денеска се тргуваше по  цена од 78,71 долари.

Пазарите вчера скокнаа под влијание на проценките дека изгледите за економијата можеби не се толку мрачни како што сугерираат прогнозите на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). ММФ неодамна предупреди дека оваа година може да биде потешка од минатата година поради истовременото забавување на активностите во САД, Кина и Европа.

Оваа недела Светска банка ја намали прогнозата за растот на светската економија оваа година на само 1,7 отсто, предупредувајќи дека светот е во ризик од рецесија поради проблемите со снабдувањето со енергија и зголемените трошоци за задолжување.