Цените на нафтата пораснаа, доларот ослабе

12

На девизните пазари во претпладневното тргување во петокот падна вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути, па е на патот кон остварување седмична загуба.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 103,02 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 103,55 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 146,80 на 146,30 јени. Американската валута, исто така, ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0880 долари, додека во истиот период од претходниот трговски ден изнесуваше 1,0810 долари.

Цените на нафтата пораснаа по вчерашниот остар пад.
Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево се зголеми на 78,91 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна на 73,96 долари.