Цените на нафтата пораснаа на почетокот на годината

21

Цените на нафтата, утринава пораснаа, откако лани потонаа за повеќе од 10 отсто.

Цените на нафтата благо пораснаа на азиското тргување денеска. Цените беа најмногу погодени од тензиите во Црвеното Море, пренесува германската новинска агенција dpa.
Барел нафта од 159 литри за испорака во февруари беше 72,91 долар, што е за 1,26 долари повеќе од петокот. Северноморската нафта „брент“ за испорака во март поскапе за 1,51 долари на 78,55 долари.