Цените на нафтата потонаа за повеќе од 10 отсто

47

На глобалните пазари минатата недела цените на нафтата потонаа повеќе од десет отсто, бидејќи трговците стравуваат од нова банкарска криза и слабеење на побарувачката, имајќи предвид дека централните банки се обидуваат да го забават растот на потрошувачката и економиите поради високата инфлација.

Утрово цената на барелот на лондонскиот пазар изнесува 71,25 долари, а WTI се тргува за 65,13 долари.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела потона за речиси 12 отсто, на 72,97 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 13 отсто, на 66,74 долари. Како и финансиските пазари, така и пазарот на нафта минатата недела беше потресен од колапсот на две американски банки, Силиконската долина и Сигначр, проблеми во неколку други американски банки, како и во втората по големина швајцарска банка Кредит Свис.

Главната европска банка ги зголеми каматните стапки
Трговците стравуваат дека нова банкарска криза може да предизвика рецесија, а со тоа и пад на побарувачката на нафта. Дотолку повеќе што, поради високата инфлација, централните банки се обидуваат да ја ослабат потрошувачката и да го забават растот на економиите.

Така, минатата недела Европската централна банка ги зголеми клучните каматни стапки за дополнителни 0,50 процентни поени, додека оваа недела американската централна банка исто така би можела да ги зголеми каматните стапки. Иако во втората половина од неделата донекаде стивнаа стравувањата од банкарска криза, цената на нафтата не закрепна.