Цените на нафтата повторно осцилираат

16

Цените на нафтата се зголемија за повеќе од два долари за барел на меѓународните пазари во четвртокот, поттикнати од намалените залихи на сурова нафта и зголемената побарувачка за бензин во Соединетите Американски Држави (САД).

Цената на барел нафта на лондонскиот пазар вчера достигна 108,71 долари, а на американскиот пазар 99,62 долари. Денеска барел северноморска нафта брент се продава по цена од 109 долари, додека вредноста на тексашката сурова нафта WTI е околу 98 долари, според податоците на Oilprice.

„Растот на светските берзи, по зголемувањето на каматните стапки од страна на американската централна банка ФЕД, како и слабеењето на курсот на доларот, ја поддржа цената на нафтата. Ова е поддржано од официјалните неделни податоци на американската влада за резервите на гориво“, рече Тамас Варга од PVM Oil Associates.