Цените на нафтата повторно паѓаат

87

Цените на нафтата денеска паднаа под 80 долари на меѓународните пазари бидејќи вниманието на трговците беше преокупирано од прогнозите за глобално економско забавување и ширењето на Ковид-19 во Кина, што може да и наштети на побарувачката.

На лондонскиот пазар цената на барелот изнеува 78,37 долари.

На американскиот пазар барелот денеска се тргуваше по  цена од  73,45 долари.

Слаба побарувачка во Кина, предупредува првиот човек на ММФ
Трговците вчера беа вознемирени од податоците што укажуваат на слаба побарувачка во Кина и предупредувањето на шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, дека новата година може да биде потешка од минатата поради истовременото забавување на активностите во САД, Кина и Европа.

Кинеската влада ги зголеми извозните квоти за деривати на почетокот на циклусот оваа година, што беше протолкувано како навестување дека очекува слаба домашна побарувачка во услови на повторени епидемии на Ковид-19.

Пазарот е загрижен и за побарувачката во САД, откако централната банка во декември повторно ги зголеми каматните стапки, за половина процентен поен, со цел да ја ограничи инфлацијата, ризикувајќи забавување на економијата. Минатата година ФЕД ги зголеми за 3,5 процентни поени.