Цените на нафтата повторно растат

20

Цените на нафтата се зголемија во вторникот, бидејќи американската владина агенција прогнозираше поповолна перспектива за економијата. Нагорниот тренд продолжи во средата кога главните марки на сурова нафта, Брент и WTI поскапеа за околу еден процент до раните попладневни часови.

Фјучерсите на нафтата брент поскапеа за околу 0,9 отсто во средата, достигнувајќи нешто под 87 долари за барел, додека американската сурова нафта WTI поскапе повеќе од еден отсто до 83,8 долари за барел, објави специјализираниот портал за следење на енергетскиот пазар OilPrice.

Цените на двете нафтени марки паднаа за околу два долари за барел на почетокот на неделата, но тој тренд беше обратен откако месечниот извештај на американската Администрација за енергетски информации (EIA) прогнозираше раст на БДП од 1,9 отсто во 2023 година, во споредба со 1,5 отсто во претходната прогноза.

ЕИА, исто така, очекува дека цените на суровата нафта од типот Брент ќе бидат во просек околу 86 долари во втората половина од оваа година, што е околу 7 долари повеќе од претходната прогноза. Во извештајот се наведува дека производството на нафта во САД ќе се зголеми за 850.000 барели дневно во 2023 година, пренесува Ројтерс.

Цените на суровата нафта растат од јуни, првенствено поради продолжувањето на доброволното намалување на производството во Саудиска Арабија, како и зголемувањето на глобалната побарувачка. Истовремено, увозот на кинеска нафта во јули е намален за 18,8 отсто во однос на јуни, но сепак е за 17 отсто поголем од пред една година.