Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

67

Цените на нафтата се задржаа блиску до 86 долари на почетокот на неделата, притиснати од индициите за силен руски извоз и стравувањата дека централните банки, со постојаното зголемување на каматните стапки, ќе го запрат економскиот раст и побарувачката на енергија. Падот продолжува и денеска.

На лондонскиот пазар цената на нафтата моментално изнесува 84,08 долари, додека на американскиот пазар вредноста на барелот падна на 77,12 долари, покажуваат податоците објавени на веб-страницата OilPrice.com.

Трговците, исто така, внимателно ќе го следат состанокот на министрите на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници оваа недела, кои ќе ја преиспитаат производната политика.

„ОПЕК + веројатно нема да ја промени политиката, но може да ги изненади пазарите со мало намалување“, изјави нафтен брокер од PVM.

Одделно, ОПЕК објави дека барел од нафтената кошница на нејзините членки во петокот се искачи на 85,31 долар.