Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

34

Цените на нафтата се задржаа над 85 долари во средата, балансирајќи помеѓу потврдената одлука на главните производители да ја намалат понудата и силно зголемување на залихите во САД што сигнализира послаба побарувачка. Сепак, во денешното тргување вредноста на овој енергетски производ продолжува да паѓа

На лондонскиот пазар цената на барелот моментално е 82,47 долари. На американскиот пазар вредноста на нафтата падна на 76,22 долари, покажуваат  објавените податоци на веб-страницата OilPrice.

Министрите на земјите-членки на ОПЕК и нивните сојузници, вклучително и Русија, ги потврдија производствените цели, според кои до крајот на оваа година треба да го намалат производството за два милиони барели дневно за да го прилагодат на намалената побарувачка, пренесува агенцијата Мина.

Фото. Pixabay