Цените на нафтата продолжуваат да растат

Ценитена нафтата го надминаа нивото од 85 долари на меѓународните пазари, поткрепени со најавата за намалена понуда и пад на залихите во САД што ги засени индициите за забавување на американската економија. На лондонскиот пазар цената на барелот  изнесува 85,12 долари, а порасна и цената на барелот на американскиот пазар каде се тргуваше по 80,70 долари.

Цените беа поддржани оваа недела со најавата на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, вклучително и Русија, дека ќе го намалат производството за дополнителни 1,66 милиони барели дневно од мај до крајот на годината со цел да се стабилизирање на пазарот.

Фото: Pixabay