Цените на нафтата растат, барелот над 90 долари

Според податоците на веб-страницата OilPrice во саботата наутро, цената на нафтата од типот брент изнесува 90,48 долари за барел, додека нафтата од Тексас WTI, репер за американскиот пазар, изнесува 85,54 долари.

Цените на нафтата се искачија до близу 89 долари на меѓународните пазари во петокот, бидејќи инвеститорите беа преплашени од американскиот напад врз цели во Сирија, што ги поттикна стравувањата од ескалација на конфликтот на Блискиот Исток и прекини во снабдувањето.

На лондонскиот пазар цената на барелот беше повисока за 93 центи и изнесуваше 88,86 долари, пренесува SEEbiz.